Повторно поскапуваат горивата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 1 до 1.5 денари.

 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 08.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.ни на нафтените деривати се зголемуваат за 1 до 1.5 денари.

 

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 08.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 51,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 40,00 ден/лит.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 денари за килограм и ќе изнесува 24,886 денари за еден килограм.

 

РКЕ информира дека референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со изминатиот седумдневен период, бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 8,254 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 6,666 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за околу 7,820 отсто, а кај мазутот има зголемување во просек за околу 3,479 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,206 отсто.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video