Македонската влада промовира домашен туризам со фотографија од Германија

 

 

Македонската влада донесе мерка за промоција на домашниот туризам, но за кампањата што ја води одбра фотографија од езерото Кенигсе, кое се наоѓа – во Германија, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Владините служби што работат на овој проект „малку“ ја утнале работата – проектот стана предмет на потсмев поради несреќно одбраната фотографија. Фотографијата направена од германскиот фотограф Симон Мигај може бесплатно да се симне на интернет.
Срамниот гаф на Владата стигна и до фотографот Симон Мигај, кој преку приказна на својот инстаграм-профил ѝ се изнасмеа на целата ситуација.
„Смешна неделна приказна. Бесплатно ја споделувам оваа фотографија на мрежата и понекогаш таа завршува на чудни места. Во моментов е актуелна на социјалните медиуми бидејќи Владата на Македонија одлучила да ја користи за промоција на нивниот туризам и Македонците се обидуваат да откријат кое е тоа место. Ова е Конигсе во Германија. Умирам (од смеа)“, напиша Симон Мигај.
Со доделување ваучери од 6.000 денари на лица со помал месечен приход, Владата сака да го стимулира домашниот туризам, кој е една од најпогодените гранки од коронавирусот. Добитниците на ваучерот со 6.000 денари ќе можат да посетат некоја од македонските природни убавини, но со тој буџет нема да можат да го видат езерото Кенигсе, кое им го „препорачува“ Владата.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи