ВИДЕО – ГОБ 8 Септември да стане центар за лица на дијализа заболени од Ковид 19 – бара здружението „Поврзани за подобар живот“ од Прилеп

Од здружението на бубрежно болни „Поврзани за подобар живот“ од Прилеп бараат државата под итно во ГОБ 8 Септември во Скопје да отвори специјален центар каде ќе се хоспитализираат лицата кои одат на дијализа, а се заболени од Ковид 19. Поради зголемениот број на заразени со корона вирус овие денови, се плашат дека ако не се направи ваков специјален центар за Ковид 19, 22-та центри за дијализа во Македонија, каде одат над 1.400 пациенти може да станат нови жаришта за вирусот во Македонија.

„Имаше пациенти наши заразени, беа во „8 Септември“, правеа само по 2 до 2 ипол часа дијализа. Без доктор, без мерење на вага, со никакви параметри, значи услови никакви. Беа пуштени скоро пред време, ги чекаа крајните резултати за негативни и ни ги пуштија, па ние овде ги сместивме во изолација, така да извесно време ги држевме дури излегоа резултатите. Така да, да не иде до тоа, имавме и персонал заболено исто, од кои уште некои не се вратени“, истакна Зоран Илиески, претседател на здружението на бубрежно болни „Поврзани за подобар живот“ од Прилеп.

Бараат пациентите на дијализа да ги имаат сите услови за лекување од Ковид 19 како и останатите граѓани. Услугата која моментално ја добивале не била на соодветно ниво, според потребните здравствените параметри.

„Моментално некои се примени во „8 Септември“, имаат апарати донирани некои од центрите, но не сите пациенти. Приливот на пациенти ќе биде поголем, немој да ги загрозиме центрите, и пациентите, и персоналот, да направиме хаос во центрите. Значи нема да броиме заболени, туку ќе биде тоа другото, најлошото“, додаде Илиески.

Од здружението „Поврзани за подобар живот“ се надеваат на итна реакција од државата по овој нивен апел.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи