ВИДЕО – Талевски: СДСМ е носител на одговорна власт, изборите на 15 јули се за спас на државата

Секогаш кога било најтешко, кога државата се наоѓала во комплицирани моменти, СДСМ покажувал одговорност и преземал храбри и важни чекори за доброто на нашиот народ и нашата земја. Нашата одговорност ја потврдуваме и сега, истакна на денешната прес конференција Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ – Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Презедовме уште еден чекор за да им олесниме на граѓаните и веднаш да заврши оваа игра на нерви од која најмногу страда народот. Цврсто сме решени да обезбедиме активно Собрание, целосно функционална политичка Влада и институции кои со полн капацитет ќе им служат на интересите на граѓаните.

 

Мораме и можеме да си ги спасиме државата и народот од каков било ризик од дополнително влошување на ситуацијата.

 

Како што бевме свесни дека од самиот почеток на битката со коронавирусот е потребна брза и одговорна реакција од сите институции, така и сега јасно кажуваме дека државата нема да може да издржи поголема криза од оваа, доколку продолжиме  со техничка Влада и без Собрание.

 

За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да покажат барем малку одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата.

 

13 и 14 јули, односно понеделник и вторник, ќе бидат денови за гласање на болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот дома или во болници, сите што се во самоизолација и сите хронично болни граѓани.

 

Овој наш државнички чекор, е за спас на државата. Со гордост кажуваме дека СДСМ е носител на одговорна власт. Граѓаните ќе го казнат незрелото и несовесно однесување Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Деструктивното однесување на Мицкоски, Чулев и ВМРО-ДПМНЕ, преку лажни вести и злоупотреба на МВР да ги саботираат здравствениот, економскиот и политичкиот систем, завршува на 15 јули.

 

15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција“, рече Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи