Нема да се наплаќа комунална такса за користење на простор пред деловни простории за време на вонредна состојба

 

 

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа својата 44 седница, на која се расправаше за прашања од интерес на граѓаните.

 

Членовите на општинскиот Совет ја изгласаа Одлуката за ненаплаќање на комунална такса за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност, за време на вонредна состојба. Со тоа, угостителските објекти, рестораните, кафетериите, обложувалниците, ќе бидат ослободени од плаќање комунална такса во висина од околу 3.3 милиони денари.

 

Прилепските советници ја усвоија и Одлуката за давање на трајно користење на 7 пречистувачи на воздух на ЈОУДГ „Наша иднина“, кои преку Општина Прилеп ги донираше Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

 

Советот на општина Прилеп изврши измена на Одлуката на УО на ЈКП „Комуналец“ од 16.09.2014 година, со која повеќе нема да се врши наплата на средства во висина од 200 денари за издавање на одобрение за погреб. Одлуката на УО на јавното претпријатие е донесена по претходно донесено Решение и извршен надзор од страна на надлежен инспекторат.

 

На денешната 44 седница беа усвоени и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови, Одлуката за проширување на средствата на буџетот на Општина Прилеп за 2020 година и повеќе други одлуки.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи