ВИДЕО – Николоски од Прилеп: Автопатот Велес-Прилеп-Битола-грчка граница ќе биде најголемото ветување на ВМРО-ДПМНЕ

Денес на 17 јуни славиме 30 години од возобновувањето на ВМРО во политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, еден значаен, сериозен јубилеј на најголемата политичка партија во Македонија. Истакна денеска во Прилеп потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во 4-тата изборна единица, Александар Николоски.

 

 

„ВМРО-ДПМНЕ во овие 30 години е стожер на македонските национални интереси, двигател на економскиот прогрес и браник за националните понижувања. ВМРО-ДПМНЕ во овие 30 години е гласот на прогресот, гласот на прогресивните сили и останува да биде такво во периодот кој што доаѓа. Симболично денес сакав да дојдам тука во Прилеп, затоа што во Домот на културата „Марко Цепенков“ се одржа првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во 1991 година, на кој што конгрес се поставија основите на организираното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа за нас Прилеп има огромно значење, Прилеп е град од кој потекнуваат многу револуционери, на дел од нив денес им оддадовме почит. Самото мое присуство во Прилеп на овој симболичен начин, имајќи во предвид дека се обидуваме да ги заштитиме сите здравствени протоколи и да го заштитиме здравјето на граѓаните, не сакавме да направиме големи собири, туку вака на симболичен начин да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е тука и ќе продолжи да биде тука и во годините кои што доаѓаат. Се надеваме да славиме и поголеми јубилеи и ние и Република Македонија“, рече Николоски.

 

Николоски на почетокот на изборната кампања потенцираше дека изминативе години имало само национално понижување и економско опустошување.

 

„Денес по некоја случајност е денот кога пред две години се потпиша договорот со кој што се промени името на Македонија и национално се обезличи Македонија. А исто така денес кога доаѓав наваму го видов незавршениот експресен пат од Градско до Прилеп, кој досега требаше да биде одамна готов, а кој за жал неспособната власт не успеа да го изгради и за жал во 21 век мораме да доаѓаме по ваква инфраструктура. Не само тука, туку и во Битола и во целиот овој Пелагониски регион. Најкрупното ветување кое ВМРО-ДПМНЕ го има во програмата за „Обнова на Македонија“, најкрупно ветување не само за четвртата изборна единица, туку и во целата програма што ја имаме, е изградба на автопат кој ќе оди од Велес, преку Бабуна до Прилеп, Битола и грчка граница. Тоа ќе биде автопат кој економски ќе ја заживее централна Македонија, ќе ја поврзи автопатски Македонија со југот, со Грција, како и со западот преку Охрид со Албанија и треба да значи едно сериозно задвижување на економијата, спој до две пристаништа, Солунското и до пристаништето до Драч, како и развој до целиот овој регион. Тоа е најголемото ветување кое ќе го имаме во кампањата која што следува, значи автопатско решение од Велес, преку Бабуна до Прилеп, Битола и грчка граница“, додаде Николоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи