ВИДЕО – Николоски: Ќе го победам Заев на домашен терен

Јас имам голем предизвик, не случајно ја одбрав четвртата изборна единица. Одбрав да одам во четворката затоа што сакам да го победам Заев на домашен терен, истакна денеска во Прилеп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во 4-тата изборна единица, Александар Николоски.

 

 

„Да бидам искрен мислам дека ќе имам најлесна задача, затоа што за жал во четвртата изборна единица од која истиот тој потекнува најмалку е реализирано. Гледаме сцени вчера од неговото родно Муртино како луѓето се поплавени буквално од еден обичен пролетен дожд кој заврна овие денови. Инфраструктурата тука кон Прилеп не треба воопшто да ја дискутираме. Економското опустошување е јасно и мислам дека ќе имам една многу лесна задача да го победам Заев дома, а мислам дека ќе го победиме и на ниво на цела држава“, рече Николоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи