Две години од потпишувањето на Преспанскиот договор

 

Во малото место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро, пред две години, министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот тогашен грчки колега Никос Коѕијас го потпишаа Преспанскиот договор со кој се реши 27-годишниот спор за името и со кој Македонија се преименува во Република Северна Македонија.

 

„Се соочивме со најголемиот проблем, за многумина нерешлив, се вложивме целосно и мислејќи на идните генерации, пред две години покажавме дека чудата се возможни. Зборовите на медијаторот, Метју Нимиц, „по Преспа никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци, кои говорат македонски јазик” се најдобар доказ за исполнувањето на нашата мисија“, порача шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за МИА по повод две годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

 

Техничкиот премиер Оливер Спасовски истакна дека Договорот од Преспа стави крај на тридеценискиот проблем со Грција и ги постави основите за нашата подобра и посакувана иднина уште од независноста на земјата – членство во НАТО и забрзување на ЕУ-интеграцијата на земјата.

 

„Македонскиот јазик или македонскиот народ повеќе не се спорни пред ниту еден меѓународен форум или настан. Свои сме на своето, признаени од сите во меѓународната заедница. Со Грција ги отворивме страниците на пријателство. Чекориме на пат како партнери во двете најсилни и највлијателни организации“, напиша Спасовски на фејсбук.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи