ВМРО-ДПМНЕ : Континуирано инвестиравме над 10 милиони евра во основните и средните училишта во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На денешната прес конференција на Гордана Макалоска од ОО СДСМ Прилеп истакна дека прилепската гимназија „Мирче Ацев” не памтела ваква градежна офанзива во изминатите 20 години. За разлика од СДСМ кои во образованието инвестираат само пред избори, со цел колку толку да се прикажат како работници пред граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ континуирано инвестираше над 10 милиони евра во основните и средните училишта во Прилеп. Се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Да ја потсетиме Макалоска и СДСМ дека во мандатите додека локалната власт која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Марјан Ристески, во гимназијата “Мирче Ацев” се изврши реконструкција на санитарните јазли, беше поставен ограден ѕид, беше извршена промена на подот во училниците, реконструкција на спортската сала и беше набавена нова спортска опрема, се направи фитнес сала, се изгради повеќенаменско игралиште, се изгради тениско игралиште, беше извршена целосна промена на дограмата од предната страна и многу други помали и поголеми зафати. Затоа овие прес конференции кои СДСМ предизборно ги држи се смешни и трагични“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video