ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Орце Тодоровски, директор на градинката „Наша иднина“-Прилеп

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денес ќе поднесе кривична пријава во Основното јавно обвинителство Прилеп, против Орце Тодоровски, директор на Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Наша иднина“-Прилеп, истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Имено, Орце Тодоровски, како одговорно лице кое раководи со институција со помалку од 300 вработени во ЈОУДГ „Наша иднина“- Прилеп, без обезбедена согласност од Министерство за финансии, ангажирал повеќе од 3 лица за вршење на интелектуална работа и склучил договори за дело како и анекси за нивно продолжување на 40-тина лица, со што постои основано сомнение дека истиот постапил спротивно на Законот за трансформација во редовен работен однос во кој закон се предвидени и казнени одредби. Наместо кадрите на СДС, да ги почитуваат преземените мерки и активности од владата во борба со коронавирусот, преку уредби со законска сила, одлуки и заклучоци кои важат за време на вонредната состојба, истите тие кадри побрзаа предизборно да ги задоволат апетитите на партиските војници, во период на епидемија, кога беше ставен клуч на градинките и беше прекинат воспитно-образовниот процес. Очигледно за директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ нема никакво влијание заклучокот од Владата со кој се забрануваат нови вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот“, рече Петкоски

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи