ВИДЕО – Се рехабилитира патот стопанство-Алданци-Норово, наскоро започнува рехабилитација и на Крушево-Кривогаштани и Крушево-Д. Хисар

За неколку денови треба да заврши рехабилитацијата на патот стопанство-Алданци-Норово. Денеска увид во градежните работи извршија премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈПДП Зоран Китанов и градоначалниикот Томе Христоски. Министерот Сугарески истакна дека бил задоволен од големата динамика на активности што се случувале во овој регион не само во делот на патата инфраструктура туку и во делот на комуналната инфраструктура

 

 

„Сакам да го изразам своето задоволство од големата динамика на активности што се случуваат во овој регион не само во делот на патата инфраструктура туку и во делот на комуналната инфраструктура. Изградбата на овој пат е нешто што сме го зборувале тука со граѓаните и неговата изведба се случува деновиве. Очекувам во наредните денови, за многу кратко време, да биде целосно рехабилитиран овој патен правец. Сакам да потенцирам дека покрај овој пат за кратко време ќе започне да се работи на патот Кривогаштани-Крушево, очекуваме тендерот да се распише во ЈП за Државни патишта, исто така во делот на Крушево-Демир Хисар, а веќе паралелно во изведба е патот од Крушево за Пуста Река“, додаде Сугарески.

 

Огромни активности со Општина Крушево се случуваат и во делот на комуналната инфраструктура.

 

„Посветеноста на градоначалниикот Христоски и општинската администрација е на многу високо ниво и јас тоа сакам јавно да го пофалам и поздравам. Сработивме голем дел на проекти од типот на водовод во Саждево, резервоари за вода во Белушино и Борино, се спрема терен за каптажи за вода во Јакреново. Исто така се работи на канализациијата во Норово. Пак ќе кажам дека ова не го правиме само за исполнување на некоја владина програма, тоа правиме со една цел да решиме колку што може проблеми на граѓаните. Можеби за некои е смешно што во 21 век зборуваме за водоводи и канализации. Факт е непобитен луѓето имаат мака и со години нерешениите проблеми оваа Влада успеа да ги реши“, истакна Сугарески.

 

Директорот на ЈП за држави патишта, Зоран Китанов, истакна дека оваа градежна офанзива не била поради изборите туку бидејќи овие патиишта биле дел од програма уште во 2019 година кога изборите не се споменувале.

 

„Дел од овие патишта се проектираа 1 година, а се работат преку Европска банка. Овој период очекувајте, дел се објавени како тендери, дел ќе се објават, рехабилитација на регионален пат Крушево-Демир Хисар должина 24км, 3,5 милиони евра. Рехабилиитациија Кривогаштани Крушево должина 13 км, 2 милиони евра. Рехабилитација на регионален пат Битола-Демир Хисар должина 12 км. 1,7 милиони евра. Рехабилитација на регионален пат Другово-Демир Хисар должина 42 км, 6,5 милиони евра“, кажа Китанов.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.