ВИДЕО – Спасовски: Дневно-фолклористичката изјава на Боки 13 дека парите од „Рекет“ завршиле кај Заев нема никаква врска со вистината

Тоа што се даваат дневно-фолклористички изјави за случајот „Рекет“ во моменти кога сметате дека треба да ги даде бил кој од нас воопшто не е основа да се сомневаме или предизвикуваме внимание за работи кои немаат никаква врска со вистината. Ова денеска го изјави премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новиинарско прашање кој е неговиот став во врска со вчерашната изјава на Боки 13 дека парите од „Рекет“ завршииле кај браќата Заеви и како сето ова ќе влијае врз рејтингот на СДСМ.

 

 

„Претходно имаше едно писмо во кое детално се опишува дека Зоран Заев нема никаква врска со ова, а вчера после пресудата излезе сосема нешто друго, но тоа не се факти на кои се темели една истрага. Ние рековме уште од самиот почеток во партијата дека не само за овој случај туку и за сите други, како Империја, Тврдина, и сите бандитски работи кои се правеа, мора секој да одговара, да има пресуди и да биде таму каде што му е местото. Така што од непостоечки случаи нема апсолутно место за никакво  вознемирување во овој дел, така што одиме самоуверено со јасна визија, храбри и цврсто во уште една победа за државата“, рече Спасовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.