ВИДЕО – Јованоски: Угостителите ни случајно да не помислуваат утре да прават забави во 20 часот, Прилеп е еден од ретките градови каде немаме втор бран на Ковид 19

Вчера и денес слушам и читам по социјалните мрежи дека некои од кафулињата во нашиот град имаат повик за утре, сабота во 20 часот, да прават вечерни забави, дружења и прослави. Како градоначалник на Прилеп сакам да им забранам, не смеат ниту да помислат на такво нешто. Истакна денеска градоначалникот Илија Јованоски, по одреден повик на социјалните мрежи утре угостителите да започнат да работат со забави.

 

 

„Ги охрабрувам МВР да ги преземат сите мерки и сите позитивни чекори да нема такви собирања. Нека ми простат младите, не сакам да им скратуваме ништо, но сакам да разбереме дека се уште не е времето дојдено за правење забави и собиранки. Не сакам да не снајде Охрид или Скопје, а Прилеп е еден од ретките градови каде го немаме т.н. втор брана на Ковид 19“, рече Јованоски.

 

Јованоски кажа дека во овие моменти се гордеел со целиот персонал во Прилеп и јавно им заблагодари на сите граѓани кои научиле да ги почитубваат мерките.

 

„Прилеп пред 3 месеци беше ризичен и критичен град, а сега сме во една релативно добра ситуација. Во Прилеп сега има по 1 или ниту еден дневно заразен, имаме само 16 активни случаи ии ако оди вака трендот, а се надевам дека ќе оди вака, во наредните 2-3 недели убеден сум дека ќе имаме уште подобри резултати и за брзо ќе гледаме да се искорени Ковид 19 во нашата општина“, додаде Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.