Денеска 156 нови случаи на Ковид-19 и починати 6 пациенти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во последните 24 часа се направени 1227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19 : Скопје 100, Куманово 11, Дебар 1, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 19, Струга 2, Велес 6, Битола 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 1, Гевгелија 1, Кочани 3, Кратово 1, Свети Николе 1.

 

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово.

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.

 

На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.

 

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти : Скопје 10, Штип 3, Тетово 10,  Велес 1, Битола 1, Неготино 2,

 

Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е 1863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video