ВИДЕО – Состаноци на отворено во прилепските паркови – вака за време на Ковид 19 функционира здружението „Преродба“

Последиците од коронавирусот со месеци веќе ги чувствуваат сите. Бројот на заболени и починати деновиве за жал наместо да се намалува тој расте. Големи штети трпи економија, туристичкиот сектор како еден од најпогодените, угостителите. Граѓаните иако можеби со негодување полека се навикнуваат на оној поим кој се нарекува нова нормалност.

 

 

Социјалните дружење се сведени на минимум, нема повеќе седенки, состаноци, ништо не функционира како порано.

 

Здружението на жени Преродба од Прилеп кое брои 70-тина членки и чија цел е зачувување на традицијата немаат одржано состанок од 8 март. Деновиве со разлабавувањето на мерките одново одржуваат одредени средби но со почитување на сите мерки и на отворено во парковите во Прилеп. Планираат активностите да гии пренасочат кон она што го дозволуваат можностите, како хуманитарни акции, предавања за Ковид 19 и слично.

 

„ Мораме да се придржуваме на мерките кои ги пропиша Владата, со заштитни маски, со оддалеченост од 3 метри. Сакаме да ги почитуваме за заштита на нашето здравје, за зачувување на здравјето на останатите. Два месеци паузиравме, немавме состаноци, програмата која ја зацртавме за 2020 година не можеме да ја оствариме, мораме да се прилагодуваме на овие услови, меѓутоа сепак ќе останеме на дел од активностите, пред се на хуманите аспекти кои ги имаме во здружението со спроведување на хуманитарни акции. Со ваквото собирање би одржале и предавање за вирусот ковид-19, за сето она што треба понатаму да го знаеме“, вели Лилјана Ѓорѓиоска, претседател на здружение „Преродба“.

 

„Сите сме вака на раздалеченост, треба да се прилагодуваме исто како што ја слушаме Владата што ни кажува, Филипче го слушаме секој ден и така треба да биде“, рече Благица Цвеќароска, член на здружение „Преродба“

 

Тешко ли ви беше да не се гледате меѓу себе, да немате состаноци?

 

„Точно, тешко ни беше, ни недостасуваше, но мора прилагодување“, додаде Цвеќароска.

 

Во изминатиов период најтешко им било тоа што неможеле да се дружат помеѓу себе.

 

„Оваа ситуација делува на здравјето на луѓето, затоа потребно е движење, собирање како ние што се собираме, но носење на маски, оддалеченост од 1-2 метри, важно луѓето треба да се рекреираат, да се шетаат, да се движат, а не цело време да седат дома. Но обавезно носење на маски и растојание“, истакна Снежана Китаноска, член на здружение „Преродба“.

 

Досега како влијаеше седењето дома, осаменоста, недружбата?

 

„Да ви кажам дека беше многу неубаво, сите дома седевме, а сега поубаво вака, дружењево е сосема друго“, додаде Китаноска.

 

Здружението Преродба има своја пејачка секција која е доста активна и која освен во Прилеп има своии настапи и во другите градови. Велат дека сега нема можност за тоа, но се надеваат дека можебии до крајот на годината ситуацијата ќе се промени кога го одржуваат нивиниот редовен предновогодишен концерт.

 

„Во склоп на здружението имаме пејачка група, не може да функционира, сепак јас се погрижувам за тие работи да не останат така, на мртвило. Споделувам каде што сме учествувале, кај што сме оделе. Мораме да се придржуваме кон мерките, мораме да носиме заштитни маски, нараквици, треба да се научиме да живееме понатаму како што кажуваат дека така ќе биде и дека мора да се живее со ова. Оваа година за жал многу работи пропуштивме, не можеме да ги реализираме, не сме во можност. Со упатства на Владата понатаму како ќе може, до крајот на годината имаме уште многу други настани кои треба да ги реализираме. Па ваљда за нашиот концерт што ќе биде во декември, ќе успееме да одржиме еден концерт, да немаме прекин на нашиот годишен концерт што го одржуваме“, потенцираше Лиле Ацеска, член на здружение „Преродба“.

 

До кога ќе трае оваа т.н. нова нормалност никој не може да каже, но сите ние како и членките на Преродба се надеваме дека таа ќе заврши што е можно побрзо за да си се вратиме на старата нормалност, онаа што ја знаеме и што си ја сакаме.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи