ВИДЕО – Спасовски : Политичарите се први кои треба да ги почитуваат мерките, а не да се гушкаат на разни собири без маски

Има многу начини како да допреме до избирачите. Има медиуми, социјални мрежи и други разни иновативни начини преку коии можеме да го соочиме нашите политички концепти, а сепак тоа да биде безбедно за граѓаните. Ова денеска го потенциираше премиерот Оливер Спасовски во Прилеп.

 

 

„Онаму каде што ќе се процениме дека може да се направат мини средби, мали, со почитување на сите мерки на дистанца, носење на заштитна опрема ќе го направиме и тоа ќе го направиме. Сите опции кои ни стојат на располагање за време на оваа пандемија ќе бидат искористени за да се доближиме што е можно повеќе до граѓаните. Политичките субјекти треба да ја праќаат пораката дека се почитуваат мерките. Најважно е оние ккои излегуваат во кампања, да не ги гледам сликите како што ги гледав од некакви собири на опозициони политички партии, каде сите се гушнати и без маски. Со тоа се праќа порака да не се почитуваат мерките“, рече Спасовски.

 

Според Спасовски одговорноста на политичарите е најголема во оваа држава, и ако се сакало да се почитуваат мерките тоа требало да го почиитуваат прво политичарите.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи