Маја Јошеска – Првата прилепчанка со велосипед од Прилеп до Солунска Глава 2.540 мнв

Маја Јошеска е првата прилепчанка која со велосипед денеска успеа од Прилеп да се искачи на врвот Солунска Глава на 2.540 метри надморска височина.

 

„Од идеа до реализација. После неколкуте извозени тури дојдов до идеа да се извози од Прилеп до Солунска Глава 2.540 мнв. Турата започна од Прилеп во 17 часот преку Стровија до с. Богомила од каде продолжив преку с. Нежилово во вечерните часови се до Планинарскиот дом Чеплес кој се наоѓа на 1.450м. Со извозени 6 часа и поминати 77км. Нареден ден во утринските часови од Чеплес се упатив кон Долна и Горна Бабина Дупка па се до крајната цел врвот Солунска Глава. По карпест и доста тежок терен за 2 часа и 45 минути веќе бев на самиот врв Солунска Глава 2.540м“, изјави за Инфо Компас, Маја Јошеска.

 

Јошеска вели дека по кратката пауза на врвот се спуштила повторно кон Планинарскиот дом Чеплес, а потоа кон Прилеп. Нејзин следен предизвик ќе бил врвот Кајмакчалан кој се наоѓа на 2.521 мнв. Доколку успее и во овој птфат повторно ќе стане првата прилепчанка која со велосипед се искачила на Кајмакчалан.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.