185 нови случаи на Ковид-19 и 11 починати

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19 : Скопје 96, Куманово 2, Дебар 18, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 14, Струга 20, Велес 2, Битола 2, Охрид 7, Кавадарци 2, Гостивар 2, Крива Паланка 1, Пробиштип 1, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 8.

 

Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.

 

Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).

 

Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент : Скопје 29, Куманово 1, Штип 4,  Тетово 2, Велес 4, Гостивар 1.

 

Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид-19. Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video