ВИДЕО – Се поизвесно е дека и годинава Трескавец ќе остане без водовод и технички прием на конаците

Се поизвесно е дека еден од најголемите манастири во Македонија Трескавец кај Прилеп и оваа година нема да добие водовод и нема да се изврши технички прием на новите конаци, кои се скоро готови и чија обнова чинеше околу 2 милиони евра, проект на Министерството за култура. Проектот за  водоводот е веќе направен и чини само околу 100.000 евра, но никој не сака засега да даде пари, ниту државата, ниту општината. Исто така проблем е тоа што во претходниот проект пречистителната станица била проектирана за само 5 луѓе, а треба за минимум од 80 до 100. И трафостаницата ја нема потребната јачина за електрична енергија за толкав капацитет. Од Музејот велат дека ќе се правеле обиди да се најдат средства во сегашниот буџет за пречистителната станица.

 

 

Министерството се огради од изработка на пречистителната станица бидејќи тоа не било во наш домен. Исто така и за трафостаницата, а водоводот од старт не е предвиден со тој проект. Јас ќе се обидам да остварам уште една средба со министерот за култура, ако можи во тие рамки, нема да има ни анекси, со тие средства од првичниот дововор најверојатно ние можи да направиме една пречистителна станица за еден солиден капацитет од 80 до 100 луѓе“, кажа Блаже Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 

Од Општината претходно рекоа дека за водоводот упатиле и барање до Владата, но засега нема конкретен одговор дали ќе се одделат пари. Инаку манастирот годишно го посетуваат над 20.000 туристи, а моменталните извори на вода можат да ги задоволат потребите на само 10-тина луѓе.

 

Објектот ако ги нема тие 2-3 работи, струја, вода, тогаш за џабе се фрлиле 2 милиони евра за изградба на конаци. Тоа се основнии работи. Со новата градба на конаците знаете дека има инсталирано најсовремена опрема и во ППЗ и во затоплување, што бара поголем капацитет на трафостаница“, додаде Атанасоски.

 

Како добра вест за Трескавец од Заводот и Музеј Прилеп рекоа дека добиле средства за да се започне со одредени работи на конзервација на црквата, трпезаријата, магерницата и камбанаријата. Се очекувало припремата на проектите да заврши за околу 2 месеци. Инаку црквата е стара од 13 век и веќе со децении се распаѓа, а државата е само нем сведок на сето тоа.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи