Денеска во Прилеп нема новозаболени од коронавирус, бројот на активни случаи изнесува 19

Денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а нема ниту оздравени од заразната болест. Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека едно лице од с.Бучин, општина Крушево, е позитивно на коронавирус.

 

Бројот на активни случаи изнесува 19, од кои 10 се наоаѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување.

 

Во самоизолација се наоѓаат 88 лица.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.