Почина Миле Неделковски – поет, романсиер, раскажувач и драматург

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Во 85-тата година од животот почина писателот Миле Неделковски – поет, романсиер, раскажувач, драматург, соопшти Друштвото на писателите на Македонија во кое Неделковски членувал од 1963 година. Тој е роден на 25 ноември 1935 година во Прилеп.

 

Од 1963 до 2009 ги објавил збирките поезија: „Срцето од злато“;  „Јужно лето“; поемата „Улавиот од Преспа“; „Еретикон–Еротикон“; „Недела, ден за каење“; „Битпазар – стилски вежби, ете…“;  поемата „Заточеници“; Огледало на сенките“; „Секогаш иста“; „Задушница за престапните“ и „Палимпсест“, романите: „Пепелаши“; „Трненки“; „Пандур“; „Потковица на смртта и надежта“; „Петрафил за вечната земја“; „Подгревање на вчерашниот ручек“; „Создателот и старата емигрантка – продавачка на разни плодови“;  „Празникот на светите маченици“;  „Јавна кривична пријава“; „Постела на сенките“ – роман во три дела;  „Пределот со две годишни времиња“; „ Другиот ден“ и „Ланскиот снег“.

 

Како што соопшти ДПМ; Неделковски е автор и на драмските текстови: „Триумфот на Тројанскиот коњ“ (драма во стихови, 1974); „Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн“ и „Пропаста на Олимп“ (стихувани драми, 1983), „Прозорец што гледа на улица“, „Преспански круг со црвена боја“ и „На крепоста чувари“ (1985).

 

Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ и „Рациново признание“.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video