Продолжува уредувањето на полетувалиштето на Мечкин Камен

 

 

Продолжува уредувањето на полетувалиштето за параглајдери и змајари на Мечкин Камен на кое ќе биде поставена нова вештачка трева со двојно поголеми димензии.

Градоначалникот на Крушево беше на увид во работите и од таму најави дека општината се подготвува за Светското првенство во змајарство 2021 година.

 

„Мечкин Камен денес е претворен во огромно градилиште. Се подготвуваме за Светското првенство во змејарство кое ќе се одржи во 2021 година, и полетиштето го подготвуваме за меѓународни натпревари, како и за главен тренинг центар од светски рамки“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.