Казината започнуваат со работа, наскоро и фитнес центрите

 

На вчерашната владина седница беа донесени протоколите за отворање и нормализирање на работата на приредувачите на игри на среќа во автомат-клубовите и во казината.

 

Министерот Венко Филипче во најавата прецизираше дека нивното функционирање во услови на пандемија, ќе биде според сите протоколи и нивните строги правила.

 

Теретаните и фитнес центрите пак, се очекува да започнат со работа до крајот на неделата.

 

За денеска е најавено дека ќе се разговара за целосно отворање на границите, без сегашните услови, кои предвидуваат негативен ПЦР-тест и самоизолација или државен карантин.

 

„Моменталната ситуација со епидемијата е во главна фаза. Состојбата е иста кај сите држави во регионот и бележи пораст на позитивните случаи. Ќе мора да се навикнеме со тој факт и да живееме со вирусот. Првенствено да внимаваме на личната заштита, затоа што ова можеби ќе трае дури и наредната година“, кажа Филипче.

 

Министерот најави дека одлуката ќе биде координирана и ќе се разговара со сите соседни земји.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.