Кривични за три лица кои не почитувале изолација – над 600 казни за неносење маска

 

 

МВР соопшти дека на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие.

 

Три лица, според МВР, кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а против нив ќе бидат поднесени и кривични пријави.

 

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 618 прекршоци.

 

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени биле и 187 контроли во објекти, при што не биле евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.