Ѓоковиќ позитивен на ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Број 1 тенисерот на АТП листата во моментот Новак Ѓоковиќ објави дека тој и неговата сопруга Јелена се позитивни на ковид-19, а нивните деца се негативни.

 

Тој беше организатор и покровител на турнирот „Адриа Тоур“, каде Григор Димитров учествуваше иако беше заразен, а потоа позитивни тестови добија уште неколку учесници.

 

„Сè што направивме во изминатиот месец го правевме со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер, со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им обезбедиме услови да играат, да заработуваат приходи и на тој начин полесно да го надминат овој тежок период. Во исто време, сакавме да испратиме пораки на солидарност и почит, фер игра. Целта, исто така, беше да им помогнеме на добротворни организации и на оние на кои најмногу им е потребна помош, и драго ми е што голем број луѓе се приклучија на иницијативата“, рече Ѓоковиќ.

 

„Го организиравме турнирот во време кога вирусот ослабуваше, верувајќи дека се исполнети условите за негово одржување. Многу ми е жал за секој поединечен случај на инфекција. Ги следам изјавите на лекарите и се надевам дека нема да се зголеми бројот на заразени лица. Се надевам дека ниту една здравствена состојба нема да биде комплицирана и дека сите ќе бидат добри“, додаде Ѓоковиќ.

 

Ѓоковиќ е последниот од тенисерите кој е позитивен, а претходно тоа беа Борна Чориќ, Виктор Троицки и Григор Димитров. Засега потврдени позитивни на ковид-19 се и едно дете, една новинарка и сопругата на Ноле, Јелена.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video