ВИДЕО – Пациенти на дијализа, а позитивни на Ковид 19, наместо да се хоспитализираат пуштени на домашно лекување

Поради немање на место во ГОБ „8 Септември“ 9 пациенти на дијализа, а заболени од Ковид 19, со лесна кличничка слика, се пратени на домашно лекување. Ова го тврдат од здружението на бубрежно болни „Поврзани за подобар живот“ од Прилеп кои велат дека ова било катастрофална одлука, затоа што сега тие пациенти треба да прават дијализа низ центрите во Македонија каде постоела огромна опасност да се заразат и други лица на дијализа, како и голем дел од медицинскиот персонал. Уште еднаш го повторија нивното барање ГОБ „8 Септември“да отвори специјален центар каде ќе се хоспитализираат лицата кои одат на дијализа, а се заболени од Ковид 19.

Значи овие пациенти не се обични пациенти кои можат да бидат на домашно лекување и да доаѓаат да прават дијализа во било кој центар. Пациентите на дијализа се со намален имунитет, со пропратни болести, дијабет, бајбаси и слично. Тие се ризична категорија. Затоа бараме да бидиме под постојан лекарски надзор“, изјави Зоран Илиески, претседател на здружение „Поврзани за подобар живот“Прилеп.

На ниво на држава имало 22 центри, кои ги посетувале над 1.400 пациенти на дијализа, кои сега биле во опасност. Од здружението „Поврзани за подобар живот“ се пожалија и на тоа дека заболените пациенти на дијализа од Ковид 19 кои сега оделе во некоја просторија во ГОБ „8 Септември“ не ја добивале потребната здравствена услуга, затоа сакаат да бидат стационирани во државниот центар за дијализа на оваа установа.

„Иимаат неквалитет дијализа и прават само по неколку часови, по 3 или 3,5 часа дијализа. Зависи како ќе им одговара во болницата и условите не се како што треба, значи ние пацииентите на дијализа исто плаќаме здравствено осигурување и имаме целосно право на нормално лекување како и сите пациенти во оваа држава“, додаде Илиески.

Иако за овие проблеми на бубрежно болните лица побаравме став од Министерството за здравство, до овој момент не добивме одговор.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи