ВИДЕО- Талевски: За само три години, ја извадивме државата на прав пат, можеме уште повеќе, уште подобро!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

За само три години, покажавме како се сака државата и како се работи исклучиво за интересите на граѓаните. За само три години, направивме пресврт на подобро, ја извадивме државата на прав пат. Но, во следните 4 години можеме уште повеќе и уште подобро. Покажаавме одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата. Истакна на денешната прес конференција, Миле Талевски , кандидат за пратеник на СДСМ во Изборна единица 4.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Од економија во минус, обезбедивме силен економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност. Од изолирана и заробена држава, со граѓани раскарани и поделени по секоја основа, со отворени и нерешени прашања со соседните земји, изградивме држава членка на НАТО, земја преговарач со ЕУ и позитивен пример на Балканот.

 

Докажавме дека инвестирањето во здравството и економијата, наспроти фрлените пари за споменици и барок, значи инвестирање во здравјето и иднината на граѓаните, што најдобро се покажа за време на здравствената криза со КОВИД-19.

 

Со трите пакети на економски мерки помогнавме да се спасат илјадници работни места, да се зајакне приватната потрошувачката и куповната моќ на граѓаните со ниски примања.

 

Време е за нови иницијативи на кои се обрзуваме, пред граѓаните, но и пред себеси. Знаеме дека заедно со граѓаните, можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро.

 

Имаме понуда со која обезбедуваме успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште поизразен напредок, ред, правда и дисциплина.

 

Нудиме нова македонска развојна економија, со која ги штитиме работните места на граѓаните, генерираме повисоки плати и подобри работни места. Економија што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија.

 

Од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски, партија без став за ниту едно важно прашање, партијата заглавена во режимската матрица на Никола Груевски, од која ниту сакаат ниту можат да излезат.

 

Тоа е партија, водена од збунет, неодговорен и незрел политичар, кој не знае економија, кој е посветен само на деструкција и чие однесување е опасност за државата и граѓаните.

 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ,  напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне со кршење на мерките и забраните, го загрозуваат здравјето на граѓаните.

 

Кога е во прашање здравјето на граѓаните,  очигледна е разлика помеѓу одговорниот пристап на СДСМ и лицемерното однесување на Мицкоски, Чулев и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Граѓаните ја гледаат и ценат разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и на 15 јули ќе го потврдат исправниот пат по кој чекориме во овие три години“, истакна Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video