Прилепчанецот Богданоски пример за хуманост – откако го победи ковидот, даруваше крвна плазма да помогне на други заболени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Уште еден наш колега даруваше крвна плазма. ? Д-р Кристијан Богданоски, вработен во службата за Итна медицинска помош од Македонски Брод, дава пример што значи солидарност и хуманост, напиша на Фејсбук профилот министерот за здравство Венко Филипче.

 

„Д-р Богданоски е еден од здравствените работници кои ја добија битката со вирусот Ковид-19 и самоиницијативно се пријави за донација. Со донација на плазма спасуваме човечки живот! Ако сте го прележале вирусот, контактирајте го центарот за Трансфузиологја и проверете дали може да сте следниот донор кој ќе направи добро дело“, апелираше Филипче.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи