Аеродромите на 1 јули започнуваат со работа

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

На 1 јули, во среда двата аеродроми во Македонија започнуваат со работа и целосно ќе бидат отворени за сообраќај.

 

Сепак патувањето со авион во следниот период ќе се одвива со посебен режим за патниците кои ќе мора да пристигнуваат на аеродромите 3 часа пред летот и да следат строги хигиенски протоколи.

 

„Она што е најважно за патниците е следното – да пристигнат на аеродромите најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание”, велат од ТАВ.

 

Информативни знаци во вид на банери, налепници и билборди ќе бидат поставени насекаде низ аеродромите, со цел да ги потсетуваат патниците да држат физичко растојание, да одржуваат висок степен на лична хигиена и да избегнуваат допирање на површините.

 

„Не е дозволено седење еден до друг на седиштата во чекалниците на аеродромот, на заминувања , пристигнувања и кај излезите , туку патниците ќе треба да седат на соодветното физичко растојание, а за таа цел седиштата се посебно обележани“, објаснуваат од ТАВ Македонија.

 

Од ТАВ дополнуваат дека поради одржување на високо ниво на хигиена, аеродромите ќе бидат дезинфицирани четири пати дневно.

 

Инаку Охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“, поради пандемијата на ковид-19 за патничките летови беше затворен од 15-ти, а Меѓународниот аеродром „Скопје“ од 18 март.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи