ВИДЕО – Чулев: Кривична пријава за директорот на „Еурокомпозит“, Златко Граороски и неговиот стручен советник Васил Коцев

Сакам да ве информирам дека како посебен успех на Одделението за внатрешни работи во Прилеп е откривањето на злоупотреба на службена должност во „Еурокомпозит“. Имено, во врска со ова дело сакам да ве информирам дека ОВР Прилеп по добиена пријава од страна на вработени презеде оперативни активности на терен, изврши разговори со овластени лица и поднесе кривична пријава до ОЈО за директорот на „Еурокомпозит“, Златко Граороски и неговиот стручен советник Васил Коцев. Истакна на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Имено, споменатите лица со намера да извлечат финансиски средства од „Еурокомпозит“, без да ги изнесат претходно стручните тела на „Еурокомпозит“, односно стручните тела и одборот на директори, пристапиле кон склучување на наводен договор со фирма од Република Гана во износ од 1.725.000 евра за изработка на 15.000 рударски шлемови, по цена која е неколку пати повисока од реалната цена.

 

Притоа, истите не информирале никој, целокупната кореспонденција се извршувала преку приватни мејлови, а не преку официјална кореспонденција на „Еурокомпозит“. Исто така не е проверен ниту бонитетот на фирмата, а ниту неопходните стручни процедури. Индикативен е фактот што целокупната кореспонденција се вршела преку физичко лице во Гана, кое што било посредник и на ова физичко лице, но и на други физички лица им се извршени парични трансфери преку „Маниграм“ на име на авторизација на договор од Врховниот суд на Гана и за посредување во склучувањето на договорот. Извршени се исто така финанансиски трансакции преку „Маниграм“ и за поднесување на пријавата за склучување на тендерот.

 

Истовремено, покрај ова, од страна на девизната сметка на „Еурокомпозит“, префрлени се на физичко лице, наводен адвокат, 34.500 евра, исто така лоциран во Гана. Иако не постоело основа за префрлање на овие финансиски средства, заради тоа што не постоело реализација на договорот.

 

Истовремено сакам да ве информирам дека против наведените лица е поднесена постапка, заради тоа што направиле штета на буџетот на Македонија, односно на буџетот на „Еурокомпозит“, со вршење на кривично дело злоупотреба на службена должност. Против првообвинетиот, директорот на „Еурокомпозит“ Златко Граороски и второобвинетиот, стручниот советник на директорот Васил Коцев, преку чија приватна меил адреса се одвивала коренспонденцијата и во име на „Еурокомпозит“ го склучил незаконски договорот.

 

Исто така, ОВР по извршените разговори и увид во целокупната документација утврдиле дека ваков договор воопшто не постои и не заведен во архивата на „Еурокомпозит“, а исто така не е презентиран пред менаџментот на „Еурокомпозит“. Договорот постоел во приватната архива на директорот Златко Граороски и заради тоа против ние веќе е поднесена соодветна кривична пријава за злоупотреба на службена должност, со нанесување штета на буџетот на „Еурокомпозит“, рече Чулев.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи