ВИДЕО – Чулев: Фокусот на МВР за изборите ќе биде на спречување на поткуп, семејни гласања, водење на кампања на начин кој не е дозволен и спречување на притисок врз гласачите

Предизборната кампања веќе почна, јас кажав дека во овој период целокупниот фокус на министерот за внатрешни работи ќе биде во насока на организирање на мирни, фер и демократски избори, бидејќи тие ни се потребни како држава и се услов за почнување на преговорите и нашиот европски пат. Рече министерот за внатрешни работи Чулев, при денешата посета на ОВР Прилеп.

 

 

„Акцентот ќе биде ставен врз спречување на изборни нерегуларност, сепак се работи за парламентарни избори со висок ризик, не е ниту референдум, ниту претседателски, ниту локални избори. Има големи тензии помеѓу политичките партии кои што можат да се рефлектираат на терен.

 

Главен фокус ќе ни биде спречување на поткуп, семејни гласања, водење на кампања на начин кој не е дозволен и вршење притисок врз гласачите со цел нарушување на избирачкото право. Ние досега имавме реализирано неколку случаи, каде што е утврдено поткуп на гласачи и за кои ние ја информиравме јавноста. Истовремено, на мој предлов, а во соработка со ДИК изработен е пропаганден материјал, односно спот на ДИК и на МВР, а исто така ќе има и постери, каде ние на граѓаните јасно ќе им укажуваме дека секој поткуп или нарушување на избирачкото право на глас на граѓаните најсериозно ќе се казнува.

 

Граѓаните ќе имаат прилика да го видат спотот, каде ние едноставно превентивно укажуваме на граѓаните да не се впуштаат во нелегални активности поврзани со изборите, бидејќи најрестриктивно ќе бидат казнети“, истакна Чулев.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи