Online Критична маса: Мојата црвена велолинија

 

 

До скоро се надевавме дека ситуацијата со корона-вирусот ќе се нормализира пред крај на јуни и ќе можеме да ја возиме јунската Критична Маса пред изборите паралелно во неколку градови и да пратиме силна порака. Но ситуацијата е далеку од нормализирана, велат од #НаТочак организациите.

 

„Самото возење во Критична Маса немаше да е никаков проблем, зашто возењето точак е една од најбезбедните активности кои може да ги правиме периодов, според светските и нашите здравствени власти. Се прави на отворено и поради самата конструкција на точакот природно се одржува дистанца во текот на возењето.

 

Она што нè загрижуваше е помислата за групирања, пред и после Критичната маса кои се неизбежни.

Па не сакавме индиректно да предизвикаме ризик, а и лош пример за други групирања.

 

Но знаете што? Сепак можеме да возиме точак (секој сам или во помала група) во своето место во текот на цела наредна недела и да пратиме порака! Така ќе креираме Online Критична маса!

 

Во име на желбата за заедничко возење и на желбата за поместување на велосипедските работи на национално ниво, предлагаме да направите некоја од следните работи:

 

1. Да возите точак во своето населено место во текот на следната седмица и да се фотографирате.
2. Да фотографирате локација каде би сакале да видите некоја од промените кои ги предлагаме со 10-те црвени велолинии од овој линк https://cutt.ly/Ru8JSLq
(како на пример: поврзување за точаци меѓу населени места, велосипедска патека во град кој нема велосипедски патеки, велосипедски паркинг при објект каде нема услови за заклучување на точакот, места за точак во воз, велосипедски полигон итн…)
3. Да изберете еден од банерите од 10-те црвени велолинии од овој линк https://cutt.ly/Ru8JSLq кој ви е најважен, да го испечатите и да го сликате со себе/вашиот точак/некоја локација во вашиот град.
4. Да допишете која е вашата црвена велолинија за овие парламентарни избори ако се разликува од наведените и да ја споделите со хаштаг #МојатаЦрвенаВелолинија
5. Да ги искомуницирате #ЦрвениВелолинии со политичарите од вашиот крај.
6. Да ја потпишете петицијата на линкот: https://www.change.org/CrvenaVeloLinija
7. Некоја друга идеја…

 

Споделувањата правете ги на својот профил на било која социјална мрежа или во овој настан со хаштаг #МојатаЦрвенаВелолинија (+името на градот/населеното место каде возите), стои во дописот на #НаТочак.

 

Повеќе информации може да дознаете на следните линкови:

 

Обраќање до политики партии со краток опис на 9-те црвени велолинии: https://natochak.blogspot.com/2020/03/2020_1.html

 

Детален опис на 9-те црвени велолии: https://natochak.blogspot.com/2020/03/2020-9.html
Во ФБ албумот ги има сите 10 црвени велолинии (9 + една специјална за кризата со коронавирусот): https://cutt.ly/Ru8JSLq

 

#ЦрвениВелолинии е име на кампањата која ја започнавме 7 организации од 7 градови во март 2020 со цел да го скренеме вниманието на политичарите кон недостатокот на велосипедски политики, стандарди, инфраструктура.

 

Црвени велолинии асоцира на бојата на велосипедските ленти, но истовремено ја претставува црвената линија која ја повлекуваме. Минимумот кој треба да се направи на поле на велосипедскиот сообраќај, а ќе адресира и други полиња: загадување, здравје, безбедност, климатски промени, квалитетна средина за живеење.

 

Околу тој минимум (10 клучни барања) сметаме дека треба да има консензус меѓу сите политички партии, да се појави во сите политички програми и да стане заедничка црвена линија преку која никој нема да помине.
Разлики треба да има во степенот на надминување на тој минимум.

 

Не заборавајте дека како поединци имаме моќ да влијаеме на политиките. Заедно, имаме уште поголема. Да рашириме глас!

 

Која е вашата црвена велолинија? Приклучете се во оваа Online Критична маса: #МојатаЦрвенаВелолинија

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.