Илиоски: Директорот на Еурокомпозит од СДСМ фатен во тежок криминал

 

Во пресрет на изборите на 15-ти јули се редат кривични пријави и на површина излегува целиот криминал на кадрите на СДСМ во Прилеп, изјави на денешната прес конференција Робертино Илиоски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Гледајќи што се’ се правело во изминатите 3 години и на каков се начин се богателе челниците на СДСМ, граѓаните денеска веќе немаат сомнеж и со нетрпение чекаат да го срушат злосторничкото здружение на власт.

 

Најжална и најтрагична е судбината на вработените во прилепскиот загубар Еурокомпозит, каде власта во заминување цели три години си поигруваше со иднината и достоинството на овие луѓе.

 

МВР неодамна поднесе и кривична пријава за поранешниот директор на претпријатието, Зоран Граороски, кој заедно со неговиот стручен соработник од Струмица се осомничени за тешка злоупотреба на службената положба и овластување.

 

Имено, Граороски и неговиот советник, според пријавата на МВР, со намера да извлечат пари од сметката на фирмата, без консултација со службите во правното лице и одборот на директори пристапиле кон наводна реализација на договор во вредност од 1.725.000 евра за испорака на 15.000 рударски шлемови за фирма во Гана и по цена повеќекратно повисока од реалната.

 

Според МВР, штетата која ја нанеле двајцата осомничени врз буџетот на претпријатието се проценува на повеќе од 3 милиони денари“, изјави Илиоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.