Стерјовска Локвенец: Достоинствен и квалитетен живот за секого е крајната цел на ВМРО ДПМНЕ

 

Еднакви социјални права и можности, достоинствен и квалитетен живот за секого е крајната цел на ВМРО ДПМНЕ, изјави на денешната прес конференција кандидатката за пратеник Ирена Стерјовска Локвенец.

 

„Повисок животен стандард и подобри услови за живот на сите македонски граѓани ќе обезбедиме со реализација на нов модел на развој чија основна цел ќе биде остварување на високи, одржливи и социјално инклузивни стапки на економски раст и  креирање на нови добро платени работни места, значително подобрување на социјалните услуги и спроведување на квалитетни социо-економски политики.

 

Идната влада на ВМРО ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите до 20%, или 3.000 денари повеќе ќе добие секој пензионер а ќе озбезбеди и раст на платите во јавниот сектор и раст на минималната плата во приватниот сектор согласно со растот на продуктивноста.

 

Ќе овозможиме бесплатни градинки за деца од семејства со минимални приходи, ќе изградиме нови градинки и ќе ги прошириме капацитетите на веќе постоечките. За децата со пречки во развој ќе отвориме дневни центри со соодветна програма за работа и стручен кадар.

 

Ќе ги помогнеме на семејствата кои имаат деца со аутизам, образовните институции и самите деца,  да можат подобро да функционираат во општеството, преку напредни програми за работа, преку национална стратегија и финансиска помош. Право на пензија ќе оствари еден родител на дете со попреченост по наполнување на 62 години за жена, 64 години за маж, во висина од износ на минимална семејна пензија, доколку не исполнува право на пензија по друга основа“, изјави Стерјовска Локвенец.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.