ВИДЕО – Пештерата „Рамниште“ кај Прилеп со купишта материјална култура од сите периоди, па дури и од праисторијата

 

Пештерите во Македонија скоро и да не се археолошки обработени. Се бројат на прсти тие каде имало некакви истражувања од овој вид. Археологијата кај нас комплетно го запоставила овој подземен свет, кој што ги крие тајните на развојот на човековата цивилизација од праисторијата до денес. Заедно со истражувачот и писател од Прилеп, Тренчо Димитриоски, слеговме 25 под земјата и ја посетивме пештерата „Рамниште“ кај селото Ореовец, долга 110 метри. Димитриоски смета дека таа е преполна со остатоци на керамика и разни други предмети кои според него можеби потекнуваат и од старото камено време, но тоа треба научно да се докажи.

 

 

„Палеолитскиот ловец не бил стационран со населби туку постојано се движел во потрага по лов и храна. Наоѓал скривалишта токму ваквии, како оваа пештера, поголеми ако биле можеле да се сместат и повеќе луѓе. Но никој досега не забележал дека констатирал во овие пештери има остатоци од култура. Се фрапирав кога најдов купишта култура. Во пештерата има култира најмалку во бронзеното или железното време“, рече Тренчо Димитриоски, истражувач и писател.

 

Но за жал целата оваа материјална култура засега останува тука под земјата. Досега никој не покажал ниту интерес за истражување, а камоли да се превземе нешто.

 

„Затоа во овие пештери треба да се дојде сериозно, да се направи истражување, со сонди, стручно, систематски, методолошки. За да се утврди како е посетувана, зошто е посетувана, далии за одредени практични намени или за одредени култни намени, ритуалнии верувања. Зошто има садови тука, стотиции садови можете да констатирате“, истакна Димитриоски.

 

Пештерата е доста атрактивна има голем број сталагтити и сталагмити, како и една помала хала издвоена од главната просторија.

 

Оваа просторија во која се наоѓаме во пештерата Рамниште уште се нарекува и „Невестинска одаја“ поради интензивната бела боја на ѕидовите. Според народното предание се верува дека тука доаѓале младите кои не можеле да имаат деца. Оставале тука различни дарови, парички, но исто така кршеле и стомни и различни грнчиња, верувајќи дека со тој чин во иднина ќе можат да имаат деца.

 

И од Спелеолошката федерација на Македонија велат дека пештерите кај нас воопшто не се археолошки истражени. Во иднина имале за цел оваа пештера туристички да се уреди.

 

„Во 2013 година спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп покрена иницијатива за заштита и туристичко уредување на пештерата, но за жал та инициијатива беше одбиена од тогашната локална самоуправа. Се надеваме дека во иднина ќе успееме да ја внесеме оваа пештера во туриистичката мапа“, потенцираше Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка федерација на Македонија.

 

Но за жал државата засега не е заинтересирана за ништо, ниту за археолошки истражувања, ниту за туриситчко уредување. Така што убавините и мистиката на овој подземен свет по се изгледа уште долго време ќе бидат далеку од очите на јавноста.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.