ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: СДСМ ветува ветинг на судството, а сите бевме сведок на „трас-трус” судството на Заев и како тој нарачува пресуди

Талевски денеска застана пред Основниот суд во Прилеп каде само во изминатите 2 месеци се поднесени 3 кривични пријави за директори од неговата партија, кои патем се осомничени за тежок криминал и злоупотреба на службената положба и овластување. Се вели во реакцијата ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп која доаѓа по прес конференцијата на Миле Талевски, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ 4.

 

„По примерот на неговиот ментор Зоран Заев, Талевски ветува ветинг на судството и проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ветува право и правда, а целата јавност беше сведок на „трас-трус” судството на Заев и како тој нарачувал пресуди и се пресметувал со

своите неистомисленици.

 

Сите се виновни, само Заев е невин и најдобар! Ете така размислува и Талевски кој секојдневно повторува се’ што ќе му сервираат од централниот штаб.

 

Го прашуваме Талевски, дали ќе побара истото тоа судство и обвинителство пред кое стои, да ги забрза и истражи сите сомнежи за криминал и злоупотреби кои секојдневно ги презентираме пред јавноста?“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.