Проданоски: Наместо пречистена вода, од пречистителната станица излегуваат фекалии и се слеваат во градската река

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

„Пречистителната станица во Прилеп која е дело на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и за која беа вложени околу 10 милиони евра, требаше да значи решавање на проблемот со отпадните води и да овозможи чиста и здрава животна средина. Но, изминатите денови воопшто не е така! Граѓани до општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доставија фотографии и видео материјал, на кој се гледа дека наместо пречистена вода, од станицата излегуваат фекалии и одново се слеваат во водите на градската река“, ова го истакна на денешната прес конференција потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски.

 

„Дали е вистина дека поради негрижа, од 5 пумпи во пречистителната станица работи само една пумпа? 

 

 

Дали директорот на ЈКП Водовод и канализација, под чија надлежност е станицата,  брзајќи да ја натрупа со партиски кадри, заборави дека објектот треба да се одржува?

 

 

За ова ли граѓаните плаќаат 60% повисоки сметки за вода, иако градоначалникот им ветуваше дека ќе ги намали за 20%?

 

 

Најитно ги повикуваме Илија Јованоски и Миле Талевски, да реагираат и да го спречат ова потенцијално ширење на зараза и загадување на почвата“, рече Проданоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video