Талевски денеска застана пред Основниот суд во Прилеп каде само во изминатите 2 месеци се поднесени 3 кривични пријави за директори од неговата партија, кои патем се осомничени за тежок криминал и злоупотреба на службената положба и овластување. Се вели во реакцијата ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп која доаѓа по прес конференцијата на Миле Талевски, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ 4.
„По примерот на неговиот ментор Зоран Заев, Талевски ветува ветинг на судството и проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ветува право и правда, а целата јавност беше сведок на „трас-трус” судството на Заев и како тој нарачувал пресуди и се пресметувал со
своите неистомисленици.
Сите се виновни, само Заев е невин и најдобар! Ете така размислува и Талевски кој секојдневно повторува се’ што ќе му сервираат од централниот штаб.
Го прашуваме Талевски, дали ќе побара истото тоа судство и обвинителство пред кое стои, да ги забрза и истражи сите сомнежи за криминал и злоупотреби кои секојдневно ги презентираме пред јавноста?“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.