ВИДЕО – Ристески: 640 милиони евра субвенции и голем број проекти за враќање на достоинството на земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ како партија која целиот свој легитимитет и сила ја црпи од народот во наредните 4 години целосно ќе се посвети на обнова на Македонија, која ќе донесе подобар живот за секого, изјави на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од Прилеп, Петар Ристески.

 

„Враќањето на достоинството на земјоделците е eден од нашите основни приоритети и за таа цел предвидуваме над 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп на земјоделското производство. Повеќе нема да дозволиме земјоделците својот труд да го истураат по патишата и доловите, нешто што беше редовна слика во изминатите 3 години.

 

Во програмата насловена како “Проект Обнова” нудиме целосни решенија за издигнување на македонското земјоделство и вложување во промоција на земјоделските производи од Македонија на начин на кој ќе се овозможи освојување нови пазари.

 

Над 10.000 семејства од Прилеп и прилепско кои се занимаваат со производство на тутун ќе можат конечно спокојно да спијат. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи откуп на увезен тутун без целосен откуп на целото домашно производство и без реално вреднување на класите“, рече Ристески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.