Музичарите од денеска може да настапуваат – Комисијата за заразни болести ги одобри концертите

 

 

Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за организирање јавни настани, потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

 

Со протоколот се дозволува организирање јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитетот каде што ќе се организира настанот.

 

Картите ќе се продаваат електронски за да не се прават редици, а носењето маски ќе биде задолжително.

 

Предлозите опфаќаа отворање по фази на музички студија за снимање и продукција, концерти на отворени тераси и простори и нивно следење од автомобили и концерти  во затворени објекти.

 

Протоколот беше предложен од страна на претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.