5 нови случаи на коронавирус во Прилеп, двајца новозаболени се регистрирани и во с. Црнилиште

 

 

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на коронавирус, а двајца новозаболени се регистрирани и во населеното место Црнилиште, општина Долнени.

 

Бројот на активни случаи изнесува 33, од кои 25 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус, а на едно лице сомнително на КОВИД-19 му е земен брис и се чекаат резултати. Од заразната болест оздравело едно лице.

 

Вкупниот број на инфицирани со коронавирус од почетокот на пандемијата изнесува 257.

 

Во самоизолација се наоѓаат 75 лица.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.