ВИДЕО – Талевски: Носиме нова македонска развојна економија, повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати

 

 

Покажавме и докажавме дека интересите на граѓаните ни се во прв план. За само двеипол години, направивме пресврт на подобро во економијата, во инфраструктурата, во платите, во здравството, во социјалниот систем и во сите други сегменти од животот, изјави на денешната прес конференција Миле Талевски – кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4.

 

 

„Направивме многу, а покажавме дека можеме уште повеќе и уште подобро. Нашата понуда носи нова македонска развојна економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

 

До крајот на мандатот, износот на странските инвестиции ќе достигне најмалку една милијарда евра.

 

Во следните четири години, ќе насочиме 600 милиони евра финасиска поддршка кон домашните компании и странските директни инвестиции, од кои 300 милиони евра ќе бидат од државниот буџет, а 300 милиони евра од европските фондови.

 

Нема да отстапиме од започнатиот процес за поддршка на стопанството, со кој во изминатите двеипол години отворивме 64 илјади нови, конкретни, реални работни места. Ќе продолжиме уште повеќе, уште подобро.

 

Го продолжуваме и растот на платите во сите сектори!

 

Докажавме дека минималната плата не е само бројка. Од мизерните 9.000 денари од времето на ДПМНЕ, ја покачивме на 14.500, а во следниот мандат ќе ја кренеме на 20.000 денари.

 

Просечната плата континуирано расте, а до крајот на следниот мандат ќе  ја зголемиме на 34.000 денари.

 

Нашата грижа за возрасните, ја покажавме на дело. За двеипол години, овозможивме секој пензионер, секој месец да добива 722 денари повеќе.

 

Во наредните четири години, пензиите ќе растат заедно платите, а минималната пензија ќе ја покачиме на 10.700 денари!

 

Почитувани, со СДСМ, парите завршуваат назад кај граѓаните, а со ДПМНЕ на лажни фасади и Белизе сметки. Тоа два целосно спротивни концепти. Едниот за интересите на граѓаните, а другиот за враќање на криминалот и режимот!

 

На 15 јули, го продолжуваме правиот пат по кој се движиме. Заедно со граѓаните можеме уште повеќе и уште подобро“, рече Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.