СЈО денес престанува со работа – Јовески уверува за завршница на предметите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Според новиот закон за јавно обвинителство кој стапува на сила од денеска, СЈО , кое беше формирано во 2015 година престанува со работа, а неговата работа ја презема ЈО.

 

Предметите остануваат кај досегашните специјални обвинители кои се вратија во матичните обвинителства, но интересен е фактот што ќе имаат два шефа, односно тој од матичното обвинителство и шефицата за организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Тоа ќе биде така се додека не ги завршат обвиненијата што ги застапуваат пред судења, истрагите или предистрагите што ги почнале во СЈО, или пак додека не бидат избрани во ОЈО за организиран криминал.

 

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески истакнува дека ЈО нема да ја повтори грешката од минатото, кога поради непостапување во истото, се формира СЈО. Тој уверува дека институцијата е подготвена за имплементација на новите одредби, за преземање на предметите од поранешното Специјално Јавно Обвинителство и дека сторителите на кривични дела ќе добијат заслужена казна.

 

СЈО беше формирано пред изборите пред 4 години. За неговото постоење покрена 22 обвиненија од кои 5 предмети добија судска завршница, а останатите денес преминуваат на Државното Јавно Обвинителство.

 

Распадот на СЈО стартуваше пред околу 1 година кога и се откри случајот „Рекет“ во која се докажа и директна вмешаност на првиот човек на СЈО, Катица Јанева.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video