ВИДЕО – Заев: За само 3 години земјоделство го поддржавме со рекордни 430 милиони евра

Со одговорни и чесни политики го вративме достоинството на нашиот земјоделец. Го цениме и вреднуваме неговиот труд. За само три години, финансиската поддршка во земјоделството стигна до рекорден износ од 430 милиони евра и стига до вистинските индивидуални земјоделци. Ова денеска при посетата на Општина Кривогаштани го истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

 

Субвенциите ги зголемивме и нивната исплата е неселективна, редовна и што е најважно навремеа. Земјоделците парите ги добиваат тогаш кога им се најпотребни. За производството на тутун, по кое е позната општина Кривогаштани, но и целиот прилепски регион, обезбедивме зголемување на субвенциите и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета, четврта и дополнителните класи. Тоа значи повеќе пари кај земјоделците кои ја одгледуваат оваа култура, но и мотив да одгледуваат поквалитетни класи на тутун. Оваа година земјоделците кои произведуваат тутун, инкасираа во своите семејни буџети повеќе од 125 милиони евра“, рече Заев.

 

Според него заложбата на СДСМ во следните 4 години била  јасна, поддршката кон тутунопроизводителите, но и кон сите земјоделци, градинари и сточари ќе продолжела да расти уште повеќе.

 

Обезбедуваме годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра. Воведуваме целосно субвенционирање на зелената нафта за нашите земјоделци. За да обезбедиме сигурен пласман градиме три огромни нови откупно дистрибутивни центри во државата. Поддршката кон младите земјоделци, жените земјоделци продолжува уште повеќе и уште подобро. Обезбедуваме и субвенционирање на платите од 3.000 денари на нововработените работници во земјоделското стопанство, помлади од 25 години. Важно ни е земјоделството, важни ни се земјоделците, затоа грижата за нив во следните 4 години продолжува уште повеќе. Убедени сме дека земјоделците гледаат кој навистина се грижи за нив, а кој 11 години како власт и 3 години како опозиција ги манипулира и го погазува нивниот труд“, додаде Заев.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.