Двајца новозаболени од корона во Прилеп – бројот на активни случаи изнесува 37

 

 

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има два нови случаја на коронавирус, како и еден во општина  Пласница. Едно лице оздравело од заразната болест.

 

Бројот на активни случаи изнесува 37, од кои 29 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 8 лица позитивни на коронавирус. Од нив, едно лице е со полоша клиничка слика.

 

Во самоизолација се наоѓаат 94 лица.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.