Како неспособните носат неподобни закони и ги онеспособуваат способните во Македонија!

 

 

Бидејќи почитувам факти…

 

Без разлика колку и да е горчлива вистината…

 

Секогаш, ја претпочитам неа – вистината.

 

Така што ќе започнам со следниот факт…

 

Заврши наставната година (рако)водена по новите закони за основно образование и наставници и стручни соработници.

 

Закони, кои што минатата година беа предложени од страна на актуелниот министер, а потоа беа изгласани и од мнозинството во собранието на Република Македонија.

 

… без анализа на состојбите.

 

… без стручна и научна расправа.

 

Сегашната власт случајно или (не)намерно, донесе закони кои се ПРЕПОЛНИ со аномалии.

 

– Донесоа закони кои што предизвикаа доста реакции од страна на професорите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација (дефектологија) при Филозофскиот факултет – Скопје.

 

Важно е да се знае дека тие се најстручни во областа на инклузија на децата со посебни образовни потреби, а притоа воопшо не беа вклучени во подготвувањето на истиот.

 

– Донесоа закони, а притоа воопшто не се консултираа со професорите од Институтот за педагогија, кои се најстручен кадар во областа на образованието.

 

– Донесоа закони без да употребат дел од забелешките и предлозите од Народниот правобранител кои се однесуваат на инклузивниот тим, личните и образовни асистенти.

 

И за крај…

 

– Донесоа закони без да се консултираат со голем број наставници и стручни соработници.   Закони кои што во ниту еден свој член не ги штитат од дискриминација сопствените вработени.

 

Тоа е НАВИСТИНА многу ниско и навредливо од страна на еден министер и неговото ресорно министерство.

 

Еве само еден мал дел од многуте пропусти во донесениот закон за работното време на носителите на дејноста во основното образование – т.е. наставниците.

 

Повеќе прочитајте ТУКА.

 

Колумна на Гоце Бумбароски, наставник

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.