Николоски: СДСМ го уценувала изведувачот на патот Прилеп-Градско – сега ја тужи државава за преку 100 милиони евра

 

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на изборна единица 4, во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, обвини дека една од причините зошто изведувачот на експресниот пат од Градско до Прилеп си заминал од Македонија е бидејќи бил уценуван од владејачката структура да земе подизведувачи близок бизнис партнер до СДСМ.

 

„Почна да се гради автопатско решение или експресен пат од Градско до Прилеп. Не само што застана во овие три години туку воопшто сега не се одржува и тоа што е изградено тие столбови, пробиен пат сега го јаде забот на времето а паралелно сите го ризикуваат животот, нема само од Прилеп и прилепско и од Битола и целиот тој дел  на Македонија. Според моите сознанија основната причина зошто изведувачот ја напушти Македонија е затоа што бил уценуван да зема подизведувачи кои што веројатно се блиски бизнис партнери на некој во владејачката структура и истиот тој изведувач ја тужи Република Македонија, и треба да знае јавноста дека ем нема да има автопат од Градско до Прилеп“, рече тој.

 

Според Николовски, изведувачот ја тужи државата пред меѓународна арбитража за повеќе од 100 милиони евра.

 

Тој додаде дека стратешки најбитниот проект е да се поврзи автопатски коридорот 10 од Скопје до Солун, автопатски да се поврзи од Градско Прилеп, Битола и грчката граница, односно како што рече тој со ова ќе се отвори Централна и Западна Македонија на две пристаништа а тоа ќе значи сериозен економски потег да продолжи да се развива таму стопанството.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.