Бројот на заболени од корона вирус во Прилеп расте, денеска 6 нови случаи

Денеска во општина Прилеп има 6 случаи на коронавирус. Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека станува збор за контакти на веќе потврдени позитивни случаи, од познати кластери.

 

Бројот на активни случаи изнесува 43, од кои 34 се наоаѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 8 лица позитивни на коронавирус.

 

Во самоизолација се наоѓаат 113 лица.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.