Османи: Подготовки за попис по изборите

 

 

Вицепремиерот Бујар Османи денеска најави дека пописот на населението, веројатно, ќе се врати во политичката агенда по изборите.

 

„Добро е да биде постигнат целосен консензус за законот за попис и да се пристапи кон негова подготовка веднаш по изборите“, рече вицепремиерот Османи.

 

Последниот попис во земјава се реализира во 2002 година, по воениот конфликт. Во 2011 година имаше обид за спроведување попис, ама попишувањето беше прекинато со одлука на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

 

„Знаете дека пропадна обидот за попис во 2012 година поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници. Консензус се постигна, но не и вкупен политички консензус во Собрание за усвојување на Законот. Мислам дека ова решение што е донесено на Влада е добро и треба да се спроведе, меѓутоа би било добро сите да бидат вклучени во пописот. По изборите, би требало да почнеме со подготовки за негово организирање, рече Османи.

 

Пописот на населението, кој требаше да се одржи во април годинава, беше одложен поради предвремените парламентарни избори. Пред тоа парламентарните партии со месеци не можеа да постигна договор за законот според кој би се извела статистичката операција.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.