Петкоски: Ветуваа намалување на сметките за вода за 20%, а ги покачија за 60%

 

 

Од почетокот на мандатот на Илија Јованоски како градоначалник и Миле Талевски како претседател на Советот на општина Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тоа не се луѓе од доверба и дека нивните ветувања се празни лаги. Денеска после речиси 3 години од неговиот мандат, за жал тоа за кое предупредувавме стана вистина, а на тоа се сведоци сите граѓани на Прилеп, истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Првиот човек на општината, заедно со сегашниот кандидат за пратеник, Миле Талевски, рамо до рамо ветуваа намалување на сметките за вода за 20%. Се сеќавате ли на сите оние рекламни плакати, силни говори, дека прилепчани ќе плаќаат најмалку за вода во целата држава?

 

Сепак, наместо за 20% намалени сметки за вода, граѓаните на општина Прилеп денеска добиваат сметки кои се за 60% повисоки, или СДСМ како власт барем во нешто го смести Прилеп помеѓу општините на самиот врв во Република Македонија.

 

Истото дуо денеска ги посетува градските населби и населените места и ветуваат дека можеле повеќе и можеле подобро.

 

Па добро, што е тоа подобро што можите да направите? Дали во иднина ќе им ја наплаќате на граѓаните и дождовната вода која им паѓа врз крововите на куќите“, запраша Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.